Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

“Скромната” и “симпатичната” Катица изјави: Заслужувам да бидам на чело на СЈО, пак ќе се кандидирам ако има реизбор

0 156

Катица Јанева вели дека ќе остане до крај на чело на Специјалното јавно обвинителство, не затоа што сака, туку затоа што смета дека тоа го заслужува, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешниот панел „Реформски бенч-маркови. Дали имаме реформи и зошто не?“.

Таа рече и дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување од функцијата во СЈО е политичка изјава која што ниту држи вода, ниту е на место и нема основа.

„Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон“, рече Јанева и додаде дека ако нејзиното место оди на реизбор таа повторно ќе конкурира.

Според актуелниот Закон за СЈО, мандатот на Јанева ѝ истекува во септември.

Преговорите за нов Закон за Јавно обвинителство, со кој што треба да се регулира статусот на СЈО, сè уште се заглавени.

Нема коментари
  1. StevNeunda вели
    Вашиот коментар чека одобрување.

    Forum Dove Comprare Cialis Venta Comprar Propecia Generic Viagra India cialis 5 mg Viagra Prescription Needed

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.