Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Со „геј бакнеж“ Рамштајн даде поддршка на ЛГБТИ заедницата

0 345

Двајца членови на гермаската група Рамштајн (Rammstein), гитаристите Пол Ландерс и Ричард Крус, се бакнаа на сцената за време на настапот во главниот град на Русија, Москва, во знак на протест против анти-ЛГБИ ставовите и законите на земјата.

Иако хомосексуалноста не е нелегална во Русија, „геј пропагандата“ на претседателот Владимир Путин создаде непријателско опкружување за ЛГБТИ луѓето. Истакната ЛГБТИ активистка неодамна беше убиена, откако нејзиното име беше наведено на погрешна, ‘gay-hunting’, веб-страница.

Во, Чеченија, пак, геј луѓето беа собирани и затворани во современи концентрациони логори, при што многумина биле мачени за информации, а некои дури и претепани до смрт.

Рамштајн сподели фотографија од бакнежот, што се случи за време на нивната песна Aüslander, на нивната страница на Инстаграм покрај насловот: „Русија, те сакаме!“.

Ова не е првпат бендот да покаже поддршка за ЛГБТИ правата на оваа турнеја – за време на настапот во Полска, бендот мавташе со знамиња со Виножитото на гордоста, додека се пробиваа низ публиката во гумен чамец.

Ваквата поддршка од групата беше реакција на извештаите дека припадниците на полската ЛГБТИ заедница се соочиле со насилство за време на Маршот на гордоста во земјата, како и извештаите за „зоните без ЛГБТИ“ промовирани од полските екстремисти.

 

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.