25 C
Штип
22/05/2019 | 16:34
АПЕРКАТ.МК
Интервјуа Колумни

Со свој чекор до општествена промена!

Живееме во време на лудост и крутост.

Критериумите на вредност се изобличени и минимизирани од секој аспект на нашето секојдневие.

Подарувањето насмевка, љубов и кажувањето топол збор веќе се во заборав. Истите ги имаме едниствено во бледа слика под нашето небо низ проекциите на филмското платно и некоја сказна која ќе ни ја прераскажат по-возрасните.

Среќата ја бараме во крупноста, во материјалноста и се разбира во елитноста, не успевајќи да се вразумиме и разбудиме од далеку реалниот сон  во кој упорно мечтаеме на ова подневје.

Се’ повеќе, тежината на луѓето ја мериме според длабочината на нивните џебови, а не според плиткоста или не плиткоста на нивниот разум.

Време е за трезвена, чиста и мудра мисла во нашиот ум!

Секоја минута треба да ја претвориме во нова промена, преку дарување љубов, насмевка и подавање рака на луѓето околу нас.

Во потрага на совршенство и во потрага на промена е потребно секој да  тргне од самиот себе. Трезноста во самите нас е од фундаментално значење за подобра иднина , за по пристојна сегашност и за заборав на едно болно минато. Продуктивноста во општеството зависи од нас.

Верувам и знам, само на овој начин и преку ваков пристап можеме да понудиме фасцинантен гест кој е неопходен за самопросветлување и разбистрување на секој од нас, затоа што единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото!

Слични статии

Се вчитува....