Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

ТВ Телма: Силјановска веднаш прифати дебата, Пендаровски вчера откажа

0 97

Новинарката Снежана Лупевска, дел од тимот на новинари на Топ Тема на Телевизија Телма вечерва ги разреши шпекулациите и за тоа кој дали имало или немало закажано дебата на оваа телевизија помеѓу Претседателските кандидати Силјановска и Пендаровски како и дилемата за тоа кој прифатил а кој одбил да се појави на истата.

– Се појавија многу шпекулации во однос на овој дуел, но сакам да известам дека Телевизија Телма веднаш по завршувањето на првиот круг ги покани претседателските кандидати на дебата за 24.04.2019. Во барањето беа наведени и датумите 2 и 3 мај. Од Штабот на Силјановска Давкова уште истиот ден одговорија потврдно таа ја прифаќа дебатата, додека од штабот на СДСМ, вчера не известија дека поради обврски нема да може да дојде на дебатата, истакна Лупевска.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.