Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Тите удри по Меси: Треба да покаже поголема почит кога губи

0 40

Лионел Меси имаше силни критики кон судиите на Копа Америка, особено по елиминацијата на Аргентина од Бразил во полуфиналето.

Капитенот на „гаучосите“ дури беше и исклучен на натпреварот за третото место, па одби да го земе бронзениот медал на свечената церемонија. Тој ги нарече судиите на Копа Америка, „корумпирани“.

По вчерашниот триумф на Бразил на турнирот, селекторот Тите му одговори на Меси за критиките кон судиите.

„Меси е оној фудбалер што јас секогаш го нарекувам исклучителен и вонземјанин, но тој мора да има малку повеќе почит. Тој мора да разбере и да прифати кога е поразен“, истакна селекторот на „кариоките“.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.