Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Уапсена е Катица Јанева

0 118

Специјалната јавна обвинителка е уапсена попладнево во својот дом во Скопје. Нејзиното приведување најверојатно е поврзано со случајот „Рекет“. Обвинителството ќе одржи прес-конференција во 14 часот.

Специјалната обвинителка Јанева е уапсена по налог на обвинителството, а поврзано, најверојатно со случајот „Рекет“. Досега нема потврда ниту од МВР, ниту од Јавното обвинителство за апсењето на Јанева, ниту детали за апсењето.

Снимки на телевизијата 24 покажуваат дека повеќе полициски возила беа пред домот на Катица Јанева во Скопје, по што таа замина со нив. Според неофицијални информации, таа е однесена на распит.

Јанева вчера се појави во обвинителството, каде даваше исказ за случајот „Рекет“. Нејасно е во кое својство беше повикана Јанева, а таа по повеќечасовниот исказ рече дека била таму во својство на сведок. Недоумици во јавноста предизвика и фактот дека Јанева на распитот се појави со адвокат.

Името на Јанева долго време се споменуваше во јавноста, а нејзиниот глас се појавуваше и во снимките кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита, поврзано со аферата Рекет.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.