23 C
Штип
19/06/2019 | 20:12
АПЕРКАТ.МК
Настани на денот

УХМР со најава за времето денес: Очекувајте по сончевите денови врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 24 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

И утре во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.

Слични статии

Се вчитува....