23 C
Штип
19/06/2019 | 19:49
АПЕРКАТ.МК
Настани на денот

Чао Павле: Богоевски поднесе оставка од пратеничката функција

Пратеникот Павле Богоевски утринава ја доставил својата оставка до собраниските служби, откако на 23 мај најави дека ќе се повлече од пратеничката функција кога ќе му биде одземен мандатот на Никола Груевски. На денешната собраниска седница треба да биде констатирана оставката и на Груевски, кој ја достави од Унгарија.

Богоевски за државната агенција МИА потврди дека веќе поднел оставка, без разлика дали на седницата само ќе се констатира оставката на Груевски или ќе се гласа за одземање на мандатот поради шестмесечно неоправдано отсуство, како што предложи Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, чиј претседател беше.

„Гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде моето последно гласање во ова Собрание. Таа одлука ја донесов во моментот кога сам се пријавив во полициска станица. Не ви посакувам да бидете во ситуација за близок член од семејството да треба да нарачувате нешто што јас го набавувам, а тоа е масло од канабис. Очекувам органите на прогонот да го испитаат ова мое тврдење до крај. Одлуката ја соопштувам сега затоа што чекав да видам до каде ќе отиде целата јавност после оваа ваша хајка, само за да го спасите вашиот лидер во бегство. Јас ќе си ја гушнам моралната одговорност“, рече Богоевски на 23 мај, откако на руската социјална мрежа ВК се појави прислушуван разговор, за кој самиот тој потврди дека е негов и дека нарачувал масло од канабис.

Слични статии

Се вчитува....