Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Шкендија против Селтик во второто квалификациско коло од ЛШ

0 61

Денешната ждрепка во Нион одлучи македонскиот фудбалски шампион, екипата на Шкендија, во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони да игра против шкотски Селтик.

Шкендија во првото коло доби одличен противник, естонскиот Номе Калју, а со оглед на тоа дека „Тетовци“ важат за голем фаворит во оваа пресметка, се очекува во второто коло да ги одмери силите против шкотскиот гигант, кој прво ќе игра против Сараево за пласман во наредната фаза.

Доколку се оди според планот, Селтик во првото коло би бил домаќин на Шкендија, а реваншот ќе се игра во Скопје.

Првите натпревари се играат на 23 и 24 јули, реваншите се 30 и 31 јули.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.