Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Штип Арт Активизам во нова акција: И ТОР фрла ѓубре во корпа, а и на планетата АЗГАРД има корпи за ѓубре

0 94

И ТОР фрла ѓубре во корпа, а и на АЗГАРД има корпи за ѓубре.
Нова акција на Штип Арт Активизам
.Биди како ТОР

Во текот на вчерашниот ден, 07.07.2019г, трета по ред акција на Штип Арт Активизам, беше спроведена на рекреативната пешачка патека во Штип покрај реката Брегалница.
Имено, оваа акција е наменета за подигање на свеста на нашите сограѓани кои не го зачувуваат ова место кое е едно од ретките во Штип рекреативни зони. Кантите за ѓубре се искршени, дел ги нема воопшто, а ѓубрето е расфрлано на сите страни. Дури и таму каде што има соодветно поставени канти за ѓубре, сепак, наоколу забележуваме отпушоци од цигари, пластични шишиња, хартии и слично.

Затоа сакавме да пренесеме порака, колку и надлежните да поставиле клупи, канти и слично, доколку не ги чуваме и ѓубрето го расфрламе наоколу, ќе ја немаме ни оваа пешачка зона, ќе ја претвориме во уште една депонија. Затоа ги повикуваме надлежните да постават нови канти, а до жителите на град Штип упатуваме апел да се однесуваат совесно кон животната средина.
Ваши,
Штип Арт Активисти.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.