Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Ќе има спектакл и на Вимблдон: Надал го „збриша“ Квери и закажа полуфинале со Федерер!

0 122

По само неполн час од победата на Роџер Федерер над Кеи Нишикори, третиот носите на Вимблдон, Рафаел Надал го „збриша“ Сем Квери, што значи љубителите на тениската игра ќе гледаат спектакл во полуфиналето на третиот овосезонски Грен слем турнир.

Шпанскиот ас иако на противната страна го имаше едне од најнезгодните тенисери на тревна подлога, за нешто повеќе од два часа обезбеди место меѓу четирите најдобри на неофицијалното Светско тениско првенство.

Одличниот сервер на ниво беше само во првиот сет, во кој во 10. гем успеа да направи брејк и да израмни на 5-5, но Рафа веднаш реализираше ри-бријки и со мирен сервис го сведе сетот во своја полза (7-5).

Во останатите два гледавме доминација на шпанскиот ас. Надал играше како да се натпреварува на земјена подлога и со идентични 6-2 го збриша искусниот Американец.

Големото полуфинале меѓу Надал и Федерер на програмата е в петок, веднаш по завршувањето на првиот полуфинален пар меѓу Ѓоковиќ и Баутиста. Последен пат тениските великани се сретнаа на овогодишниот Ролан Гарос, каде очекувано со 3-0 победа славеше Рафаел Надал.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.