Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

17-годишно момче осомничено за убивање на кучиња во Аеродром (ВИДЕО)

0 178

Седумнаесетгодишно момче е сторителот на свирепото убиство на две кучиња во скопски Аеродром.
Полицијата по три месеци истрага со помош на околните камери го идентификуваше тинејџерот.

Момчето вчера е приведено во полициската станица во Кисела Вода. Според Кривичниот закон, тинејџерот се соочува со казна затвор од една година, но со оглед дека е малолетник, не е јасно дали за него ќе има олеснителни околности.

Граѓаните се уште чекаат да профункционира новиот стационар „Лајка“. Веќе два месеци бездомните кучиња дивеат по скопските улици, а во полициските билтени нема ден а да нема регистрирано пријава од граѓани каснати од кучиња. Градоначалникот Шилегов вели дека новиот дом за бездомните кучиња е во финална фаза. Ќе биде готов во јануари.

„Оформена е новата фасада на објектот, новите боксови се завршени, подното греење е поставено, завршуваме со електриката и водоводот и опремувањето на амбулантата што за мене е многу битен момент. Можно е до Нова година да завршиме, ако не, во текот на јануари месец сигурно ќе го отвориме стационарот, вели Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје .

Од денеска стартува и нова кампања за хуман третман на животните. Брендирана „двојка“ ќе сообраќа следниов месец – со пораки да не се оставаат домашните миленици невакцинирани и без чипови. Услугата за бесплатно микрочипирање ќе трае до Нова година.

„Акцијата за бесплатно чипирање ќе трае до крајот на оваа година и упатувам апел до сопствениците на милениците да ја искористат можноста која им е оставена до крајот на оваа година“, истакна Зоран Атанасов, директор на АХВ .

Според датотеката на АХВ, заклучно со септември чипирани се околу 67.000 домашни миленици.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.