Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Катица Јанева на распит за „Рекет“

0 88

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вторник е повикана на распит за случајот „Рекет“, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Рустеми за МИА потврди дека исказ за „Рекет“ ќе даде денес во 12:30 часот.

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.