Ексклузивности, актуелности и медиум од доверба!

Mаестро Трпчевски во Бразил: „Не си го продавај Кољо чифликот“ предизвика овации во Сао Паоло (ВИДЕО)

0 45

Македонскиот виртуоз Симон Трпчевски предизвика бурни овации во концертната сала во Сао Паоло во Бразил.

Маестро Трпчевски пред преполната сала ја изведе познатата македонска песна „Не си го продавај Кољо чифликот“, во обработка на композиторот Драган Шуплевски.

Концертот на Трпчевски заврши со бурни овации од публиката, а тој и вети дека на следното гостување ќе го претстави неговиот комплетен проект Македонисимо во Бразил и во други земји во Латинска Америка.

Видеото погледнете го ТУКА.

Симон Трпчевски (Скопје, 18.IX.1979) – е македонски пијанист и универзитетски професор, еден од најдобрите пијанисти на сите времиња. Дипломирал (2002) и магистрирал (2004) на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во класата на Борис Романов.

Од 2002 година е професор на оваа институција. По лауреатството на Светскиот милениумскиот натпревар во Лондон (2000), реализирал исклучително активна и успешна меѓународна концертна кариера. Настапувал на рецитали и како солист на најреномирани оркестри во Париз, Лондон, Виена, Берлин, Њујорк, Сиднеј, Токио, Хонг Конг и др. Трпчевски поседува феноменална техника, добар вкус и инспиративна имагинација, која му обезбедуваат врвен квалитет како пијанист. За неговиот талент сведочат многубројните меѓународните успеси, одлични критики и награди меќу кои: Најуспешен млад уметник (Young Artist Award) на Кралското филхармониско здружение од Лондон (2003) и признанието „Златен дијапазон 2010“ за најдобра концертна изведба на компакт – диск (Париз, 2010), една од најпрестижните награди во светот на класичната музика.

Со својата уметност и виртуозност, Симон Трпчевски стана вистински амбасадор на Република Македонија ширум светот. За неговите високи дострели во неговата професионална музичка дејност како врвен пијанист, со што даде огромен допринос во збогатувањето на македонските културни вредности и новната афирмација во светот, претседателот на Република Македонија , Ѓорѓи Иванов, во 2009 година го одликува со „Орден за заслуги за Република Македонија“.

S.Trpceski – CAPRICCIO_D.Shuplevski, Sao Paulo, 08.06.2019

A special encore for the Brasilian appreciation of Macedonian music, with the principal violin Davi Graton, playing CAPRICCIO / Dragan Shuplevski… after my performance with OSESP and Maestro Macelaru, Sao Paulo, Brazil, 08.06.2019

Gepostet von Simon Trpčeski/Симон Трпчески am Sonntag, 9. Juni 2019

Напиши Одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.